Јакимовски ги прими делегациите од збратимените општини

од Nikola Popovski

По повод одбележување на 47 годишнината од основањето на Општина Карпош (3. ноември), градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска ги прими во својот кабинет, членовите на шесте збратимени општини, Стари Град – Сараево (БиХ), Врњачка Бања (Србија), Сремски Карловци (Србија), Травник (БиХ), Тиват (Црна Гора) и Лапта (Кипар).

Во рамки на средбата, присутните разговараа за тековните активности во нивните општини односно, со која динамика се одвиваат социо – економските текови кај нив, а исто така се говореше и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи и како за нив да се изнајде најсоодветно решение. На состанокот стана збор и за досегашните институционални практики кои ги применуваат административците при работа, кои треба да вродат со поефективен пристап кој ќе понуди подобар сервис за граѓаните.

Притоа, членовите на делегацијата од општина Лапта се заблагодарија на градоначалникот Јакимовски за топлиот прием, при што ги информираа присутните преку кусиот историјат за актуелната состојба во својата локална самоуправа, како и за подолгорочните стратегии за развој на оваа кипарска општина. Општиот заклучок на членовите на делегациите на збратимените општини беше дека, тие треба да работат интензивно на продлабочување на меѓусебната соработка, преку заедничко учество во меѓународни проекти.

Во духот на градење на пријателските односи, присутните заемно си разменија пригодни подароци, во вид на репрезентативен материјал.

Слични содржини