Јакимовски: Граѓаните од дијаспората имале проблем да излезат од работа за да гласаат

од Nikola Popovski
161 прегледи

„Денешниот изборен ден помина мирно и достоинствено“ оцени Стевчо Јакимовски, претседателски кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ.

„Јас во оваа изборна кампања немам никаква забелешка на однесувањето на моите противкандидати, на нивниот речник, освен што имавме само една дуел емисија и освен онаа забелешка дека двајца кандидати беа исклучително финансирани за медиумско претставување во оваа изборна кампања што сметам дека во следните избори тоа треба да се корегира и да биде рамноправна поделба на средствата. Сметам и дека немањето на дуел емисии ја направи оваа кампања не толку атрактивна и од тие причини гледаме дека се уште немаме 50 отсто од излезеност на граѓаните на гласачките места“ – рече Јакимовски.

Тој упати критика за гласањето во дијаспората бидејќи таму, како што посочи е работен ден и граѓаните имале проблем да излезат од работа.

Слични содржини