Јакимовски: Граѓаните постојано велат дека не им е убаво, а на власт се менуваат само две партии

од Nikola Popovski
270 прегледи

Овие граѓани цело време плачат дека не им е добро и убаво, а цело време се менуваат две партии – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Сами ги бираат. Да ја вратиме 2016 година, потполно е исто, вели градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во интервју за емисијата „Слободен печат“.

Според него, партиите ја имаат истата реторика.

-На крај ќе се гласаме меѓу себе, ни отидоа децата… Се блокира цела држава како да сме аутисти. Не се нудат решенија, истакна Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ бара и „МАНУ да излезе со стратегија и да се седне на маса, за да може да се развива државата“.

Вели дека е „отворен за соработка со сите партии во Македонија, освен со Христијан Мицкоски“.

-Јас сум единствен политичар кој што вели да го запреме вработувањето во државната и јавната администрација, освен во здравство, образование и безбедносните служби. Се што е вишок, да се префрлува таму каде што нема, рече меѓу другото, Јакимовски.

Слични содржини