Јакимовски: Или влада или нови избори за разрешување на политичката криза

од desk2
77 прегледи

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Ствечо Јакимовски денеска, по второто Собрание на партијата, изјави дека или избор на влада или нови избори се решението за излез од политичката криза.

Според Јакимовски, моментно, единствена стабилна институција во Македонија е Претседателот на државата.

– Ова е крајно неодговорно од сите политички партии. Мислам дека мора да има брза разрешница, или влада или нови избори, трето решение нема. Ваквиот статус-кво може да и нанесе огромна штета на Македонија, имајќи ја предвид безбедносната состојба во регионот, Европа и светот, истакна Јакимовски, одговорајќи на новинарски прашања.