Јакимовски: Има индиции дека членот на обезбедувањето на Мицкоски, кој сега е во притвор, запалил четири камиони

од Stefanija Kuzmanovska
582 прегледи

На денешната седница на Советот на општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски излезе со одредени информации дека вработениот во МВР кој викендов нападнал колега и кој истовремено беше обезбедување на Христијан Мицкоски, Ивица Б. учествувал во палање на имот на една приватна компанија.

„Со основи на сомневање зборувам дека овој сега што ви е во притвор, обезбедувањето на Христијан, кој го истепа нашиот советник, Александар, има индиции дека тој со другарите, преку Лепенц, му влегоа на човекот и му ги запалија бетонерките, четири миксери за бетон му запалија“, наведе Јакимовски во реплика на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини