192
ЈСП тоне во долгови со години, а вината се префрла само на градоначалничката на Град Скопје Арсовска и на раководството. Владата мора да го реши проблемот со долговите на училиштата кон превозниците, дополнително растат трошоците и цената на горивата, а услугите се исти, вели градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во „Студио 10“.
Според него превозот во метрополата не смее да се користи само за политички популизам и да биде нефункционален, но вели мора да има одговорност за досегашното лошо менаџирање и децениско таложење на долгови.
Денеска превозот беше во прекин поради дојава на бомба во претпријатието.