Јакимовски: Кој би можел да претпостави дека Палевски носи во себе ваков ѕвер, има информации дека осомничените користеле наркотици

од Nikola Popovski
526 прегледи

Во секој човек постои ѕвер. Кој би можел да претпостави дека Палевски носи во себе ваков ѕвер. Кога и Хичкок би режирал филм, не би му текнало вакво нешто – дури и таткото да биде вмешан. Не знаеме дека и на истражителите дали се ова им е јасно, рече градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски за случајот што ја домашната јавност, но и целиот регион.

Јакимовски истакнува дека „дури и да не го убиле девојчето и да било живо, а во исто време да имаш ќерка, нели како возрасен човек не претпоставуваш какви трауми ќе има тоа дете?“.

-Имам пријател кој што му имаат киднапирано малолетно дете. Психолозите му рекле дека сега нема да има проблеми, но во пубертет ќе има и навистина тоа дете има сега проблеми, рече градоначалникот во емисијата „Студио 10“.

Според него, ги либерлизиравме законите, но имаме слаби институции. Вели дека мора секоја девијантна појава во корен да се исече.

-Колку што слушам и овие луѓе користеле наркотични средства. Такви се информациите. Ова е екстремен и грозоморен пример, рече Јакимовски.

Тој испрати честитки до припадниците на МВР. Како што вели, се уште имаме професионалци во институциите.

Слични содржини