Јакимовски: Лага се изговорите на ВМРО-ДПМНЕ дека се против ДУП каде се прават згради

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека се лага и измислица изговорите на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деталните урбанистички планови каде ќе се прават згради.

– Ги повикав сите советници и им предложив, секоја советничка група нека каже и нека одлучи кои два плана се подготвени да ги поддржат. Може ли да одговорат зошто не гласаат и планови каде што има само куќи? Зошто советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против планот во Злокуќани? Имаме ли згради во Злокуќани во тој дел?, праша Јакимовски, одговарајќи на  обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека за бизнис од 600 милиони евра ќе се бетонизира делот кај поранешна „Алумина“.

Јакимовски рече дека од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ се прават опструкции за недонесување на Буџетот на Општината за 2024 година и за важни проекти за граѓаните.

– Одбиваа да гласаат детални планови каде што има само куќи и каде што граѓаните бараат постојано да доградат, но, очигледно дека ваквите деструктивци се погрешен избор за граѓаните во општината. Останува да се бориме против ваквите деструкции и очекувам поддршка од граѓаните токму на оваа тема. Да се деблокира работата на буџетот, да се поддржат овие програми, подвлече Јакимовски.

Слични содржини