Јакимовски: Мицкоски не гукна, знае дека се што сме кажале е точно

од Берта Китинска

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обид за преврат во партијата ГРОМ.

„Мицкоски не гукна, се одлучи да молчи затоа што знае дека се што сме кажале е точно. Не може метод на работа да биде опструкција и блокади. Ако го блокирате Ковачевски, Заев во парламентот, зошто би требало да ме блокирате мене во општина Карпош? Зошто кон коалициониот партнер се однесувате така? Ваш метод на работа стана да биде блокади, ај према тие на кои што им сте опозиција, ама и во општина Карпош каде што сте власт и не може така да се однесувате, да не зборуваме за обидите за мешање внатре во партијата ако може да се направи преврат во ГРОМ. Сите работи излегуваат на виделина.Партијата на Централен одбор од 80 присутни со 1 глас против и еден глас воздржан гласаа за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, вели Јакимовски во своето гостување во „Click21“

Слични содржини