Градоначалникот на Карпош и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски вчера го коментираше тоа што неговиот противкандидат Сотир Лукровски не се појави на тв дуелот во емисијата „Топ тема“. Јакимовски вели дека Лукровски по третпат одбива дебата.
-Ова јасно кажува дека ВМРО-ДПМНЕ излезе со неподготвен кандидат кој што не ја признава материјата и кој што не живее во Карпош. Тој повеќе од 20 години живееше во Радишани, а сега живее во село Бразда. Оттаму произлегуваат сите оние гафови дали спасувал мазут во Карпош, да правиме совети на родители, да ги лади децата за време на училишниот одмор…Најновиот гаф е на слика со кучиња од Тетово, ни ги претставува како да се од „Партизанска“, рече Јакимовски во емисијата.
Градоначалникот вели дека пресудата што скопскиот Основен кривичен суд му ја изрече во април, годинава е нарачана од ВМРО-ДПМНЕ и оти очекува Апелација да ја врати на повторно разгледување. На прашањето за пресудата и за тоа дали општинската заграда, поради која беше обвинет и осуден, има технички прием, Јакимовски одговори со исправка, велејќи дека не станува не станува збор за општинската зграда, туку за општински бараки и дека оваа тема се експлоатира од ВМРО-ДПМНЕ, како нејзин нарачател.
Во првиот круг од локалните избори за градоначалници, Јакимовски освои 8 761 глас, додека за неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ гласаа 10 284 жители на Карпош.