Јакимовски: Небулоза е дека главниот проблем со проектот „Алумина“ била канализацијата

од Nikola Popovski
329 прегледи

За жал во Советот на општина Карпош има советници, сезнајковци, кои неуспехот во својата кариера се обидуваат да го компензираат со фрустрации во Советот на општина Карпош. Таков е советникот од ВМРО ДПМНЕ Роберт Вељановски, актер по занимање кој четири години не глуми, а зема плата од државата. Енормното слободно време го компензира со мудрување во општина Карпош, вели градоначалникот Стевче Јакимовски во својата реакција како одговор на ставот на советникот.

Јакимовски смета дека „советникот кажува небулози дека главниот проблем за проектот „Алумина“ била канализацијата со димензии Ф400“.

-Истиот нема поим дека ,,Алумина” се наоѓа во непосредна близина на колекторскиот систем кој е со димензии Ф700.

-Инаку тој кажува дека не верувал никому а посебно на градоначалникот Јакимовски. За градоначалникот Јакимовски е најважно што ја ужива довербата во граѓаните, а овој советник и неговата дружина се познати по тоа што не веруваат никому. Тие не веруваат на Данела Арсовска, не му веруваат на Жозеп Борел, на Јенс Столтенберг, на Џејмс О’Брајeн, на амбасадорката Анџела Агелер, на претставникот на ЕУ Дејвид Гир, но веруваат само во Мицкоски, посочува Јакимовски.

-На сите ни е јасно дека нивна единствена грижа е како да се докопаат до власт, не бирајќи притоа средства и методи злоупотребувајќи и болни луѓе, злоупотребувајќи и смрт на деца, само да покажат дека тие се вистинските. За среќа, сите ние го гледаме нивното вистинско лице, а тоа е осумкатното бело здание наречено Бела Палата, посочува градоначалникот во реакцијата.

Вељановски денеска порача дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не се против носење на дупови, но, се против прекумерна изградба на згради во Карпош.

-Во изминатите 15-20 години во Карпош се случија бетонски зданија кои што едноставно го спречуваат хуманото живеење на граѓаните на општина Карпош. Кога вие сакате да ја проширувате населбата и кога ги зафаќате слободните парцели вие треба да предвидите дека треба да донесете нова канализација со поголеми фи на цевките. Да имате вие сериозна канализација таа не може да се затне. Точно е дека оној план кој сега е актуелен во моментот личи на планови од Дубаи, од Чикаго, ама вие знаете колкава е канализацијата во Чикаго, тоа е една мега структура, ние имаме цевки од 400 милиметри кој треба да ја осплужат целата населба, изјавил советникот.

Слични содржини