361
Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски тврди дека се потребни уште двајца пратеници за отворање на Уставот и внесување на бугарското малцинство во преамбулата, што е услов за С. Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ.
-Моите информации говорат дека уште двајца фалат за да се изгласаат уставните промени, значи уште четири прсти. Така зборуваат моите информации. Многу често ми се точни. Тие двајца може да бидат херои. Јас што би направил – би рекол ќе гласам и кога ќе треба да се гласа, нема да гласам, рече Јакимовски во емисијата „Тешки муабети“.
За уставните измени да поминат, потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, односно минимум 81 пратеник да гласаат „за“.