Јакимовски негира рушење на игралиште и фонтана во Карпош: „Лажоманите од Белата палата нека го прашаат Коце Трајановски“

од Nikola Popovski
564 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека врева не крева никој, туку тоа како прават, како што вели, „лажоманите од Белата палата“. Ова следува како реакција откако дел од жителите на општината кои преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради, со точка од ДУП.

-Се јавуваа по луѓето да ги лажат дека ќе им се уништела фонтана и ќе се направела улица. Се е тоа лага. Ако сакаат некого да го прашаат, треба да го прашаат едно момче со поголема брада од мене – Коце Трајановски. Тој ги има проектирано тие улици и тоа се согласно ГУП, кој што градоначалникот на Карпош само ги презема од Генералниот план. Сум се сретнал со граѓаните, сите нивни барања биле инкорпорирани. Пред да оди планот во анкета, сум ги прашал дали тоа што го бараат е во него и рекоа дека е така. Никогаш немало забелешки и двапати го гледале советниците. Сега сакаат политика и нивен член вчера ми кажа дека им се јавиле од партијата да протестираат против планот. Луѓе сакаат да земат власт, а да го лажат народот и тоа не е чесно, истакна Јакимовски на прес-конференција пред седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат.

-Нека престанат со лагите и со флоскулите урбана мафија, бидејќи оваа бела фасада е плод на урбаната мафија, додаде градоначалникот.

Во писмо-петиција, потпишано од жители на Карпош, се најавува протест кој е закажан за утре пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што треба да се одржи седницата на Советот на општината. Според нив, со планот ќе се уништи целиот комплекс спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ – паркот со фонтаната и игралиштето за деца.

Слични содржини