Јакимовски: Нема ништо лошо во тоа Албанец да биде премиер

од Nikola Popovski
181 прегледи

Стевчe Јакимовски во вечерашното гостување на емисијата „Само вистина“ рече дека не гледа ништо лошо во тоа Албанец да биде премиер и дека барањето на ДУИ е легитимно.

„Нека си биде Албанец премиер, нема тука нема ништо лошо. Мислам дека и ќе биде здраво. Нека видат сите што сакаат да седат дома, да не гласаат. Тоа не води кон бинационализација, кон бинационализација води ако се позајмуваат пратеници. Барањето на ДУИ за премиер Албанец е легитимно“, изјави Јакимовски.

За разлика од Стевче Јакимовски, за Мицкоски и Заев оваа идеја е неприфатлива, барем така велеа и двајцата во предизборните ТВ дуели, но и во кампањата.