Јакимовски: Николоски и Филипче се сретнале за да разговараат за уставните измени

од Nikola Popovski
255 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски синоќа обвини дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче се сретнале во претходните денови за да разговараат околу евентуалните уставни измени.

-Сѐ кажува средбата меѓу нив двајца. Што мислите се договарале за фудбал или спортска прогноза? Се договораат за бугарското прашање и како да се гласаат уставните измени. Тоа е разговорот меѓу нив, немој да мислите дека нешто друго разговараат. Разговараат како да го надмудрат народот, како помалку штета да претрпат со уставните промени. Мислите дека напуштањето на парламентот кога се гласаше францускиот предлог не е договор?, праша Јакимовски во гостување на емисија на Инфомакс.

Тој ги нарече Николоски и Филипче „офицери за врска“ меѓу политичките партии.

Слични содржини