Јакимовски обвини за кражба на гласови и најави кривична против претседателот на ДИК

од Nikola Popovski
732 прегледи

Коалицијата „Храбро за Македонија“, предводена од партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски, денеска обвини за изборен инженеринг и украдени гласови на нивна сметка. Според Јакимовски, одредени структури од Државната изборна комисија од само три места, им скратиле повеќе од 600 гласови и како што вели, тие гласови се префрлени на други партии.

Градоначалникот на Карпош истакнува дека „ова е голема кражба и покажува дека овој начин на крадење на гласови од помалите партии е правен и во претходните изборни циклуси“.

-Што би рекол поранешниот српски министер за капитални инвестиции, Веља Илиќ: „Да крадуцкате помало, па да вас разумем, ама много бре крадете“. Овде покажува како од три места се украдени гласови во ИЕ1, ИЕ2 и ИЕ5. За оваа нечесна работа, ќе поднесеме тужба до Уставниот суд и кривична пријава против претседателот на ДИК (Александар Даштевски) како одговорно лице кој што дозволил да се крадат гласови и се префрлуваат на други, кажа Јакимовски во изјава за медиумите од пред просториите на ДИК во центарот на Скопје.

Според резултатите на ДИК, коалицијата „Храбро за Македонија“ освои вкупно 4522 гласови низ целата држава.

Слични содржини