Јакимовски обвинува: Поткуп во Злокуќани – ВМРО-ДПМНЕ дели брашно

Денес, во Злокуќани, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат решија изборите да ги „замесат“ со брашно. Од гаражи, по куќи — делат вреќи од по 30 килограми како предизборен поткуп, соопшти кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Денес, во Злокуќани, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат решија изборите да ги „замесат“ со брашно. Од гаражи, по куќи — делат вреќи од по 30 килограми како предизборен поткуп, соопшти кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

-Толку од нивната визија. Нема проекти, нема идеи — само брашно и безобразие. Ама, господа, Карпош не е пазар за евтини понуди. Овде живеат луѓе со чест, труд и достоинство. Луѓе што не се купуваат со вреќа брашно. Срамота е — да нè враќате во 90-тите години. Карпош одамна излезе од тие времиња, порача Јакимовски.

Слични содржини