Јакимовски останува во ЗЕЛС, Костадинов не дојде на средбата со Ѓорѓиевски

од Nikola Popovski
303 прегледи

ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме помеѓу Карпош, Струмица и централната власт. ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите. Драго ми е што колегата Јакимовски останува во ЗЕЛС, а се надевам на скора средба и со Костадинов, како најгласен против заедницата – вака објави градоначалникот на општина Кисела Вода и прв човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски по средбата со неговиот колега од Карпош, Стевче Јакимовски по најавите дека две општини ќе ја напуштат организацијата на локални самоуправи.

Ѓорѓиевски објасни дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и такви несогласувања.

-ЗЕЛС останува обединет и понатаму, а во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов, кој е мој потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица.

Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу гореспоменатите градоначалници и претставниците на целтралната власт. Застануваме позади секој наш колега, без разлика од која политичка партија доаѓаат, стои во објавата на претседателот на ЗЕЛС.

Претходно, Општина Струмица кажа дека се откажува од членството во ЗЕЛС. Градоначалникот Костадин Костадинов рече дека тоа го прават во знак на револт поради лошиот однос кон Струмица за проблемот со водата. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски рече пак, ако побарале помош ќе ја добиеле.

Слични содржини