„Одговорно тврдам дека дека кој и да формира Влада, таа влада ќе биде нестабилна и нема долго да трае. Затоа сега прашувам дали повторно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат виновни што дојдовме до ваква ситуација“, прашува претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски за емисијата „Само вистина“. 
„Затоа што кога убедувавме дека треба да ги одложиме изборите и да се фокусираме на оваа биолошка војна што ја имаме со епидемијата, да ја стабилизираме ситуацијата, ние сега се доведовме во незавидна ситуација. Отидоа да одмораат, да возат мотори, наместо да преговараат за што побрзо да имаме влада. Ова значи дека се било фарса и лага и значи дека воопшто не било итно како што некој се обидуваше со маркетингшки трикови и медиумски ботови да се претстави дека ќе биде потоп во Македонија, доколку нема влада и парламент“, смета Јакимовски.