Јакимовски по пресудата: Сакаат да нѐ тргнат нас кои што завршивме квалитетни школи и имаме одлични резултати…

од Nikola Popovski
501 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски вели дека е разочаран од донесената пресуда од 3 години и 6 месеци затвор за бесправно градење на објекти на општината. Според него, се води хајка и таа трае долго време. Вели дека се обидуваат „да не тргнат нас кои што завршивме квалитетни школи и имаме одлични резултати во работата, за да место нас дојдат оние со купените дипломи“.

-Оваа битка е тешка и се бориш против држава. Колку и да силен и храбар, сепак држава е држава. Ќе поднесеме жалба до Апелација. Аргументите се 1000% на наша страна. Мислев дека денеска ќе се почастиме со колегите…Вршени им се притисоци и закани, кажа Јакимовски на прес-конференција и посочи дека биле преземени посебни мерки против него и неговото семејство.

Оценува дека се врши притисок во пресрет на локалните избори за негова дискредитација. Обвинува за „здружение кое трга се што им пречи на патот“.

-Оваа власт не се срами оваа држава да ја водат лица со купени дипломи, додаде Јакимовски.

 

Слични содржини