Јакимовски, Ристовски и Ибраимовски потпишаа заедничка коалиција, велат дека се против уставните измени

од Nikola Popovski
484 прегледи

Се формира нова коалиција која ќе настапи заедно на изборите. ГРОМ на Стевче Јакимовски, Интегра на Љупчо Ристовски и ПЦЕР на Самка Ибраимовски потпишаа заеднички договор и го промовираа слоганот на коалицијата „Храбро за Македонија“. Тројцата лидери велат дека се против уставните измени и внесување на Бугарите, без да се затвори целиот пакет на сите отворени прашања. Имаат заеднички став за надворешната политиката на земјата.

-Дали нашиот јазик е исконски, дали имаме посебна историја и дали нашите револуционери се Македонци по род и се бореле за македонско-национално ослободување и формирање на македонска држава на Блаканот…За овие прашања не се разговара и не се преговара. Македонија треба да биде дел од евроинтегративните процеси, но отфрламе отворање на нови прашања и услови кои не се поставени кон било која држава при патот кон ЕУ, рече првиот човек на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Јакимовски.

Партиите заеднички одлучиле дека администрацијата е преголема и е во сервис на партиите. Предлагаат реформа и секој да работи каде што треба и за тоа што е образован.

-Никој да не седи дома, а да зема плата. Еден од приоритетите при коалицирање со останатите партии при евентуален влез во Влада исто така е и реформата во образованието, рече претседателот на ГРОМ.

Јакимовски вели дека „не се плашат од санкции и од никого“.

-Нема преговори за идентитет и не сме подготвени за изживување, додаде тој.

Ристовски изјави дека важна е слободата и дека мораме да имаме цврста армија и сигурен безбедносен систем. Според него, овој народ мора влезе во ЕУ со исправен рбет и гордо исправена глава.

-Доста е да не водат полтрони и партиски послушници. Доста е од неправда и од се што се кроеше од поголемите партии. Граѓаните се ставени како да нема друга опција. Самите да сфатиме дека излез и светлина на крајот од тунелот. Сакам нешто ново и да им дадеме шанса на чесни луѓе, рече меѓу другото претседателот ПЦЕР, Ибраимовски. Тој побара црвени линии за одредени важни прашања за државата.

-Народот бара трета опција. Дајте шанса да видите што можеме да направиме, додаде Ибраимовски.

Слични содржини