Јакимовски: Само САД притиска за решавање на прашањето со Бугарија, се друго е лицемерие

од Nikola Popovski
253 прегледи

„Кој имал надеж. Таа е нереална. Јас уште пред два и пол месеци кажав дека ќе нема почеток на преговорите со ЕУ и решавање на проблемот со Бугарија. Реков дека ќе доаѓаат од странсство и ќе не викаат таму, односно ќе кажѕваат дека треба да бидеме дел од ЕУ, тоа се се приказни за мали деца и ќе не избањаат на 22 јуни“, смета лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, до 15-ти септември пак ќе ги нема дипломатите и повторно од 20-ти септември ќе ни кажуваат колку сме битен дел од евро-агендата и дека тоа ќе се врти до следната меѓувладина конференција.

„Единствено сега некој што притиска за преговори е САД и Стејт Департментот. Се друго е лицемерие“, вели Јакимовски.

Слични содржини