Јакимовски се полажи: Арсовска никаде ја нема, тужба од 15 милиони евра ѝ се заканува на Општина Карпош

од Берта Китинска

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, преку видео-обраќање на Фејсбук, посочи дека скоро  45 дена го молам Градот Скопје да назначи Комисија за урбанизам.

-Имам потреба вака јавно да се обратам, веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија е суспендирана, а немаат назначено нова комисија за да го одобри деталниот урбанистички план за кој што сме ние тужени а тужителот бара 15милиони евра оштета.

Досега имав средба со јавниот правобранител и со правобранителот кој го води предметот. Инсистираат планот итно да се донесе и на инвеститорот да му се понуди парцелата која е суспендирана со поништување на планот.Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош да не биде доведена во тешка материјална состојба. Во спротивно, имаме голема опасност да бидеме пресудени со 15 милиони евра. Вчера ми стигна писмо и ни се заканува кривична пријава доколку не го донесеме урбанистичкиот план. Меѓутоа, јас не наидувам на никакво разбирање од страна на Град Скопје, ниту, пак, гледам чувство на одговорност дека не се работи за 15 крушки, туку за 15 милиони евра. Се обидував во директна комуникација со градоначалничката Данела Арсовска, а се обидував и по разни други канали да стапиме во контакт, но за жал, до денеска нема никаков резултат, вели Јакимовски.

Слични содржини