Јакимовски се пожали: Ги гледате овие камери – со 126 илјади евра што да им поделам?

од Nikola Popovski
266 прегледи

Одредени кандидати се максимално фаворизирани земајќи големи средства. Кога ќе поделиме, ќе видиме дека потписот на граѓанинот кој го дал за нив вреди 97,5 евра, а потписот за нас вреди 12,6 евра. И сега треба да зборуваме за фер и демократски избори? Еве и тоа ќе го голтнеме, рече кандидатот за претседател Стевче Јакимовски при денешната прес-конференција во ДИК, каде што се потпиша Кодексот за фер и демократски избори.

Според лидерот на ГРОМ, неприфатливо е што се откажале мастер дебатите меѓу претседателските кандидати. Јакимовски жали што на локални избори има три дебати за водоводи и паркови, а да нема ниту една дебата за битни државни прашања.

-Кодексот ќе го почитувам, но ако немаме дебати, нема да го потпишам, кажа Јакимовски, додавајќи:

-Ги гледате сите овие камери. Со 126 илјади евра што да им поделам на овие луѓе? Барем да можам со сопствени средства да платам. До тука работата не е фер и не е демократска. Јас на локалните избори имав нула средства за реклами, но имавме дебати. Сега со вакви минимални средства и без дебати, тоа не е во интерес на граѓаните.

Градоначалникот на Карпош побара од претседателот Стево Пендаровски да вети дека ќе организира мастер дебати.

Слични содржини