Јакимовски сè уште не оди во политичка пензија, ќе се пензионира кога „властите ќе направат подобра држава“

За состојбите во Скопје и новоизбраната локална власт, Јакимовски вели дека „во наредните четири години ќе се гледаат само реклами и хвалоспеви“

од Nikola Popovski
54 прегледи Фото: Фејсбук профил на Стевче Јакимовски

Екс-градоначалникот и лидер на партијата ГРОМ, Стевче Јакимовски синоќа информира дека сè уште не иде во политичка пензија. Според неговите зборови, „ќе се пензионира кога овие што се на власт, ќе направат подобра држава“.

За состојбите во Скопје и новоизбраната локална власт, Јакимовски вели дека „во наредните четири години ќе се гледаат само реклами и хвалоспеви“.

-Не знаете како функционираат они? Ќе мрднат една цигла, ќе биде како ремек дело, рече екс-градоначалникот.

Неодамна, Јакимовски го оцени како најуспешен неговиот четврти мандат како прв човек на општината, кој воедно му е последен откако загуби во вториот круг на локалните избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој го наследи на функцијата. Претходно, осврнувајќи се на финансиската состојба, тој рече дека општинската каса ја остава со 72 милиони денари на жиро-сметка и со измирени тековни обврски. Во одговор на новинарско прашање, рече дека во оваа сума не влегуваат приходите што општината ги добива од државата, а кои досега изнесуваат над 750 милиони денари.