Јакимовски се уште размислува дали ќе трча за нов градоначалнички мандат

од Nikola Popovski
57 прегледи

Првиот човек на општина Карпош, Стевче Јакимовски вчера соопшти дека се уште не размислил дали ќе трча по нов мандат за градоначалник. Вели дека таа одлука ќе ја донесе во јули или август. Запрашан од кого очекува поддршка за да ја донесе одлуката, Јакимовски истакна дека најчесто добива поддршка од граѓаните.

-Како досега, така и отсега. Ќе видиме. Немам донесено одлука. Се уште е рано за таа работа, според мене. Зависи од околности, расположение, анкети…Многу работи, кажа градоначалникот во емисијата „24 анализа“.

Пред актуелниот мандат што го доби на локалните избори во 2021, Јакимовски беше градоначалник на Карпош од 200-2003 и од 2009-2017. На последните локални избори, Јакимовски освои 14.838 гласови и во вториот круг го победи кандидатот на СДСМ Душко Весковски кој имаше 13.397 гласови.

Слични содржини