Јакимовски: Се воведе нова автобуска линија, која беше мое предизборно ветување

од Nikola Popovski

Веќе е реализирано едно од неговите предизборни ветувања, а се уште не сум официјално избран за градоначалник на општина Карпош. Ја поздравувам одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол, рече кандидатот на ГРОМ за градоначалник во Карпош, Стевче Јакимовски.

Тој додаде дека е посебно среќен што практично веќе едно ветување кое го дал на граѓаните на општина Карпош веќе е исполнето.

-Во исто време сакам да ги потсетам дека го заборавија Средно Нерези. Во мојот предлог покрај Трнодол и Жданец предлагам и Средно Нерези да биде вклучено во градскиот превоз до Сити Мол, рече Јакимовски.

Јавното сообраќајно претпријатие, Скопје денеска информира дека од понеделник (25.10.2021 година) ќе има нова автобуска линија со број 29, која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.

-Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје.

Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“, велат од ЈСП Скопје.

Слични содржини