Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вчера направи инспекција во периодот од 9.05 часот до 9.25 часот со цел да провери колку работници на комунална хигиена има на булеварите „Илинден“, „8 Септември“, „Партинзански одреди“, „Теодосиј Гологанов“, и улиците „Рузвелтова“, „Јуриј Гагарин“, „Московска“ и „Љубљанска“, соопштија од Општина Карпош.
-На булевар „Илинден“ затекнат беше само еден работник кој беше во движење пред поранешна американска амбасада, на булевар „Теодосиј Гологанов“ работеше само еден работник кај „Млечен“ и двајца работници спроти „Симпо“ на булевар „Партизански одреди“ кои седеа на клупа и пушеа цигара. Истите работници и денеска само 20 минути порано одмараа на истата клупа. На останатите улици нема ниту еден вработен. Толерирање за неработењето на комунална хигиена нема да има. Постојано ќе ги контролираме и прозиваме, вели Јакимовски.