Јакимовски: Тој што бега од кампања во дебата нема да може да се справи со проблемите како претседател

од Симе Стоиков

Тој што сега не може да се справи со проблемите во изборната кампања, утре нема да биде спремен да се соочи и со проблемите како претедател, секогаш ќе оди по линија на помал отпор, истакна во денешното гостување во „Аргумент плус“ на ТВ24 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

Јакимовски нагласи дека е срамно што за локални избори се организираат повеќе дебати отколку за претседателски избори, за клучна функција во државата во период кога се бараат уставни измени, бришење на Македонците од Уставот, бришење на Бадентерот и слично.

Јакимовски нагласи дека бара комплетно затворање на бугарското прашање.

– Кажува ли некој дека македонскиот јазик ќе биде последен услов за влез во ЕУ? Јас барам комплетно затворање на бугарското прашање. И за јазикот и за тоа од кога сме нација и за историските личности, кога ќе го затвориме целиот пакет може Бугарите да влезат во Уставот. Ние цело време се правиме дека не слушаме дека ќе ни поставуваат нови услови, само затоа што некој нема друга реторика различна од ЕУ и НАТО.

Мојата програма е дека треба да ја развиваме наменската индустрија, производство на оружје и опрема, крупни реформи во образованието, здравството, државната администрација која е нефункционална и гломазна. Не може луѓе да седат дома, а да примаат плата, не може полиција да нема доволно, не може обвинителите да се жалат дека немаат доволно истражители, да нема доволно воспитувачки, а во исто време илјадници луѓе да нишаат врата и да земаат плата, истакна Јакимовски.

Тој додаде дека најквалитетните амбасадори мора да се назначуваат во најсериозните земји и да го обновиме контактот со дијаспората, да се спроведува онлајн гласање и слично.

Слични содржини