Јакимовски: Трамп се однесува каубојски, но во опасност сме бидејќи Кина страшно напредува

од Nikola Popovski
513 прегледи

Во претходниот мандат на Доналд Трамп, на овие од Европа им викаше јас нема да ве бранам и издвојувајте си повеќе за оружје. Од денеска за утре не се прават фабрики за оружје. Тоа е опасна работа, си сака експерти, специфична работа. Не се прави преку ноќ и да пресечувате индустријата да ви биде воена. За разлика од нив, руската е двонаменска и таа преку ноќ се прави и воена индустрија да биде. Но, Трамп не е будала човек, тој е многу рационален човек. Одлуките не ги носи сам туку консултира генерали. Го слушате ли Весли Кларк, полкловник Мајк Мили, Џефри Сакс…Америка има внатрешни проблеми, вели претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за светската политика во моментов и наративот на американскиот претседател.

Како што кажа Јакимовски, каматите на внатрешниот долг на САД достигнаа нивото колку што е воениот буџет, преку 900 милијарди долари и 800 и кусур бази имаат низ светот. Тврди дека тие трошоци мора да се соберат….

Смета дека американскиот претседател се однесува малку каубојски.

-Што има јас да ве молам вас и пари да трошам за да го сменам вашето мислење, да најдам алтернативен начин за ваша промена…Иде и ги фаќа за гуша и каубојски го прави. Ги крати сите трошоци за да ја консолидира Америка и да ги намали каматите и даноците, за да ја крене американската економија. Во голема опасност сме ние, Европа и стратешкиот партнер бидејќи Кина страшно напредува. Додека ние се бавевме со правата на китовите и живеевме лагодно, во Кина многу е отидена науката напред. Не можеш да ги запреш. Ние се занимававме со глупости, а они си се спремале луѓето, вели Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини