Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски ги критикуваше советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, како што вели, одат против против сопствената Влада, против скопската општина и сопствените граѓани. Вчера, на 70-тата вонредна седница на Советот на Општина Карпош, се гласало за ребаланс на Буџетот – со една и единствена цел: да се реализираат 25 проекти одобрени од Владата, финансирани со унгарскиот кредит, во вкупна вредност од над 8 милиони евра.
Јакимовски истакнува дека советниците не гласале дури ни за проекти кои ги одобриле министрите и Владата од нивните партиски редови.
-И за ова неработење, секој месец си земаат 30.000 денари паушал. Награда за инаетот, а не за трудот. Благодарност до советниците на СДСМ, Левица, независните и ГРОМ кои се вратија од одмор и ја ставија општината и децата пред политиката. Карпош ќе се развива и ќе продолжиме со посветена работа, без оглед на деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ, порача меѓу другото градоначалникот.