Јакимовски во судница, рочиштето се одложи поради ковид

од Берта Китинска
637 прегледи

Стевчо Јакимовски откако вчера ја презеде градоначалничката функција во Општина Карпош денеска се појави на суд каде му се суди за дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Но, рочиштето беше одложено бидејќи адвокатот на Јакимовски ,  Виктор Цветковски не бил во контакт со заразени од ковид-19.

На Јакимовски му се суди за кривично дело од времето кога беше градоначалник, односно за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош.

Јакимовски беше обвинет заедно со уште десетмина, но поголем дел од нив признаа вина и добија условни казни од една година затвор доколку во наредните две години сторат ново кривично дело.

Тој според обвинението како градоначалник ја злоупотребил својата положба и при легализација на други бесправно изградени објекти , како и при продажба на државно земјиште во рамките на општина Карпош за пониска цена од пазарната. Обвинителството тврдеше дека со тие кривични дела, во кои првообвинет е Јакимовски, направена е штета на буџетот на општина Карпош од над 14,6 милиони денари (околу 238 илјади евра) и штета на државниот буџет во висина од над 31 милиони денари (околу половина милион евра).

Слични содржини