1,1K
Бев сигурен дека ќе влезам во вториот круг. Доколку предизборно бевме договорени со ВМРО-ДПМНЕ да бидам единствен кандидат, сигурно ќе водев после првиот изборен круг, вели кандидатот на ГРОМ за градоначалник во општина Карпош, Стевче Јакимовски во гостување на емисијата „Само вистина“.
Според него, „потенцијалното надградување на гласовите е евидентно на моја страна против кандидатот на СДСМ, кој има само партиски гласови. Моите се народни и граѓански гласови“.
Јакимовски информира дека воопшто немал намера да се кандидира за градоначалник на овие избори, „но клучна била поддршка на граѓаните во секојдневната комуникација, повиците што ги добил и спроведените анкети“.