Јакимовски за гласањето доверба на Владата: Заев се послужи со итроштина

од Nikola Popovski
218 прегледи

„Човекот се послужи со итроштина, во услови кога неколку опозициски пратеници беа во болница или изолација. Заев добро знае дека има разговори за ново парламентарно мнозинство. Разговорите течат, тој го искористи моментот, но столицата се уште му се клима“, вели претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, за емисијата „Само вистина“.

Тој напомена дека од вчерашните 760 милиони евра што државата се задолжила, треба да се прашаме „колку од нив ќе се потрошат за миксери за бетон и за камен-темеленици и дали ќе направиме нешто со тие пари“.

Слични содржини