Јакимовски: За изживување, Мицкоски треба да побара помлад

од Берта Китинска

За изживување, господинот Мицкоски треба да побара помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано, кажа градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски откако соопшти дека ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој спомена дека се соочувал со навреди, омаловажување по 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Јакимовски посочи дека сите советници кои сакаат да соработуваме за решавање на проблемите на граѓаните, ќе бидеме поддржани.

-Знам дека ќе има приказни дека ќе одам со СДСМ. Но не правам коалиција со никого, додаде Јакимовски.

Слични содржини