Јакимовски за Мицкоски: Често пати лаже, бара избори во пакет оти знае дека ќе ги изгуби претседателските

од Nikola Popovski
345 прегледи

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно бара паралелни избори, затоа што, како вели, знае дека ќе ги изгуби претседателските, и во сериозна опасност ќе биде да ги изгуби и парламентатните.

-Сега кутриот е исплашен ако прво бидат претседателските, па парламентарните. Тогаш во сериозна опасност и затоа бара да бидат во пакет. Се што може прави како нему му одговара за да дојде на власт. Мислам дека претставниците на власта нема да му го овозможат, рече синоќа Јакимовски во емисијата „Клик плус“.

За ставот на Мицкоски дека 100 до 150 илјади разлика во првиот круг ќе води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ против тој на СДСМ и ДУИ, Јакимовски прашува: „Каква е таа партија која тестира 20 души“.

-Не може една партија да има 20 кандидати и тој вели дека е сигурен. Нели е тоа смешно за една партија?, истакна Јакимовски.

Градоначалникот објасни и која, според него, е разликата меѓу Мицкоски и екс-премиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Груевски го красеше искреност во комуникација, а Мицкоски го краси неискреност, често пати знае да излаже, знае и да изманипулира што не било својствено за Груевски, рече Јакимовски.

Слични содржини