Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ја прокоментира вчерашната посета на крстот во Тетово од страна на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
„Резилот им е најголем затоа што во исто време на Билал Касами во Тетово не се обидуваат да му го блокираат буџетот и со тоа да го одвратат од рушење на крстот туку тоа го прават во нормална цивилизирана и би рекол авангардна општина во државата.
Како сега да го намалат овој негативен ефект во јавноста?
Одлучиле да се качат на крстот на Попова Шапка и таму се сликаат со нивниот лидер.
Што мислите, го покрија срамот?
Секако дека не. Од што не знаат кај тераат со овој потег својата политика ја спуштија на Стојанче Ангелов. За жал и тука испадна дека се безидејни затоа што Стојанче прв отиде кај крстот и прв се спротивстави на решението за неговото рушење.
Кога имаш безидеен лидер ќе ги копираш политиките на Достоинство и Стојанче.
Ех, Христијан!
Тој ќе водел држава. Да беше лидер уште пред 20-ина дека ќе отидеше кај Касами во Општина и ќе го убедеше дека тоа што намислил не е добро, па ќе направеа заедничка прес конференција и ќе кажеа дека проблемот е решен.
Ова значи дека не смее да припари во Општина Тетово, а ќе му биде коалиционен партнер и со ова јасно става до знаење дека како што СДСМ не смее да му попува на ДУИ, така и тој нема да смее да и попува на БЕСА.
Ех, курто курто, бетер си од мурто“, вели Јакимовски.