Гојко Јаковлески, еден од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ, во Топ Тема на Телма одговараше на многу прашања врзани со формиањето и работењето на партијата која сега владее со Македонија. Тој потврди дека во оваа нова гарнитура „вмровци“ не го препознава изворното ВМРО, и дека оваа група клку за власт се придојдени од други партии, и не се согласува со ваков тип на владеење и потсети која била целта и идеологијата на партијата. Исто така тој негираше и рече дека многу се извртува вистината и посочи дека е само фама дека Јордан Мијалков бил ликвидиран на пат за Белград, туку дека била обична сообраќајка од која сега се прават приказни..

На прашањето дека партиските војници на ВМРО – ДПМНЕ ја пласираат тезата во јавноста дека ВМРО – ДПМНЕ ќе се распадне ако Никола Груесвки си замине од челната позиција.
Гојко Јаковлески многу прецизен дека тоа нема воопшто да се случи, дури дека верува дека без него ВМРО ДПМНЕ повторно ќе победи на превремените априлск избори.