Јамал, Педри, Гави, Белингем… Објавени номинациите за „Golden Boy“

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Станаа јасни фудбалерите номинирани за наградата „Златно момче“ („Golden Boy“), која се доделува секоја година, објави „Тутоспорт“. Голем фаворит за освојување на наградата е ѕвездата на Барселона – Ламин Јамал.

Во изминатите три години, наградата им припадна на талентите од Ла Лига – Педри и Гави од Барселона и Џуд Белингем од Реал Мадрид.

На листатасе 25 имиња, а победникот ќе стане познат на 4 декември.

Во минатото, добитници на престижната награда беа Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Холанд.

Номинации за „Golden Boy“:

Ламин Јамал (Барселона), Жоао Невеш (Пари Сен Жермен), Ворен Заир-Емери (ПСЖ), Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед), Пау Кубарчи (Барселона), Савио (Манчестер Сити), Рико Луис (Манчестер Сити), Александар Павловиќ (Баерн Минхен), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Јорел Хато (Ајакс), Лени Јоро (Манчестер Јунајтед), Џејми Бино-Гитенс (Борусија Дортмунд), Кенан Јилдиз (Јувентус), Кристијан Москера (Валенсија), Адам Вартон (Кристал Палас), Арда Гулер (Реал Мадрид), Матис Тел (Баерн Минхен), Дезире Дуе (ПСЖ), Оскар Глох (Салцбург), Саму Омородион (Порто), Вилсон Одобер (Тотенхем), Андреас Шелдруп (Бенфика), Ендрик (Реал Мадрид), Елиес Бен Сегир (Монако) и Самуел Мбангула (Бенфика).

Слични содржини