Јамал со тешка повреда

од Vladimir Zorba
2,8K прегледи

Фудбалерите на Барселона ја победија Црвена звезда на Маракана со резултат 2:5, во 4. коло од Лигата на шампионите, но на тој меч останаа беа без Ламин Јамал.

Младиот талентиран фудбалер заработи повреда на зглобот на мечот со Звезда и не е во составот на каталонскиот клуб за мечот со Реал Сосиедад.

Барселона соопшти дека Камал ​​се здобил со тешка контузија на зглобот, отокот допрва треба да се смири и засега нема прогноза кога ​​ќе се врати на терените.

Шпанецот изминативе денови беше во процес на лекување и опоравување, па во Каталонија се надеваат дека тој нема долго да биде надвор од терените.

Да потсетиме, против Звезда во Белград лошо помина и стоперот Пау Кубарси, кој по дуелот со Урош Спајиќ доби расекотина и 10 конци на лицето, па на следните натпревари ќе игра со заштитна маска.

Слични содржини