Јан Коп до Ахмети: Загрозена е посветеноста на С. Македонија за членство во ЕУ

од Nikola Popovski
218 прегледи

Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп денеска остварил средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Дипломатот отворено упатил забелешки за политичкото влијание врз Врховниот суд, но и постојаниот пад на владеењето на правото.

-Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.

Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија, стои во објавата на Холандската амбасада.

Според фотографијата, средбата била во партискиот кабинет во седиштето на ДУИ.

Јан Коп е познат во јавноста по тоа што знае да го напушти дипломатскиот речник и да биде исклучително директен. Тој во неколку наврати го критикуваше спорото спроведување на реформите, особено состојбите во правосудството во земјава.

Кулминација во релацијата Судски – Врховен беше иницијативата за разрешување на претседателката Беса Адеми затоа што не доаѓала на седници по контроверзното разрешување на Дамева, и затоа што не се одзвала на нивната прва покана по интревјуто во кое говори за политички притисоци врз судиите.

На последниот ден од годината Адеми седна пред комисијата во судски и се соочи со иницијаторот за нејзиното разршеување, Милјазим Мустафа, со порака дека исходот на постапката ќе ја одреди иднината на судството.

Слични содржини