Јан Коп со остри критики: Зошто не ги завршивте своите реформи пред 15 години, само натрупувате изговори

од Nikola Popovski
312 прегледи

Во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција, изјавил холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“.

Тој бил прилично остар во своето обраќање, велејќи дека „сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ“.

-Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји, прашал Јан Коп.

-Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Политичарите и понатаму се безчујни и сакаат да се фотографираат со свештениците и оџите. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности, рекол меѓу другото, холандскиот амбасадор во земјава.

Слични содржини