Јанакиески ги избегна новинарите по распитот во Кривичниот суд

од Vladimir Zorba

Поранешниот министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески по денешниот распит во Кривичен суд, ги избегнал камерите и го напуштил судот од задната страна, јавува „novatv.mk.“

Јанакиески како и поранешниот премиер Никола Груевски и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски беа повикани на распит кај судија на претходна постапка, откако Специјалното јавно обвинителство побара да им се изречат мерки за претпазливост за случајот „ТНТ“, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Janakieski-Krivicen-sud

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по распитот пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, на кој се задржа околу еден час, изјави дека не се чувствува виновен, додавајќи дека и во иднина очекува да има нови обиди за негово малтретирање и повикување во судот./МЕТА.мк

Слични содржини