Јанакиески: Нема ништо да се подобри доколку ме осудите и по шести пат

од Nikola Popovski
376 прегледи

Екс-министерот Миле Јанакиески во денешните завршни зборови побара ослободителна пресуда за случајот „ТНТ“. Според неговите зборови, тој не поттикнувал некого да се руши незаконски и се повика и на помилувањето од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

-Уривањето на „Космос“ беше според законот, а тоа се докажа со десетици судски одлуки за кои не може одново да се суди. Сите нивоa на судови пресудиле дека нема штета и нема основа да се исплати штета на Фијат Цаноски, истакна Јанакиески.

Поранешниот министер за транспорт и врски додал дека ништо нема да се подобри ако биде осуден и по шести пат. Тој потенцирал дека само Фијат Цаноски ќе заработи фантастична сума пари како отштета од Буџетот, но и дека според него, со тоа ќе се даде и поттик и на други инвеститори своето незаконско работење да го прекриваат преку политика.

Денес обвинителот Бурим Рустеми во своите завршни зборови побара да се повлече дел од обвинението за Јанакиески.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба.

Слични содржини