Условна казна затвор од две години за случајот „Дизајн“ доби поранешниот министер Миле Јанакиески.
Јанакиески Снежана Филиповска-Павлевска како претседателка на комисија за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова член на комисијата признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компамија која ги набави ж двокатни автобуси за ЈСП.
Според образложението на тогашното СЈО четири лица, Јанакиески, Снежана Филиповска Павлеска како претседателка на Комисијата за спроведување на јавни набавки, Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова, како членови на комисијата при набавката на двокатните автобуси за град Скопје ги искористиле своите службени положби и овластувња и за компанијата Јутонг од Кина прибавиле корист, односно незаконско повластување – фаворизирање во постапката и склучување на договор за набавка на 202 двокатни автобуси, нанесувајќи штета на Буџетот на Македонија од 5 милиони евра.
Истрагата ја водеше обвинителката Лиле Стефанова.