Јанакиески повеќе нема да биде гонет за „Топлик“, застарува случајот

од Nikola Popovski
303 прегледи

Јавниот обвинител се откажува од кривично гонење на обвинетите во случајот „Топлик“ поради застареност на делото кое настана како резултат на измените на Кривичниот законик. Од Кривичниот суд информираа дека јавниот обвинител извршил преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите: М.Ј., Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т. од член 353 став 5 во член 353 став 4, а во правец на измените на Кривичниот законик.

-Врз основа на тоа Јавниот обвинител се откажа од понатамошно гонење на обвинетите заради настапена застареност во смисла на член 352 од ЗКП, за што судот по писмено изготување на соодветни решенија, истите ќе ги достави до странките, стои во соопштението и велат дека по писмено изготвување на соодветни решенија, истите ќе бидат доставени до странките.

Предметот кој се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште, а во кој првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Апелацискиот суд донесе решение со кое ги уважил жалбите на Јанакиески и на уште петмина други обвинети во случајот и ја укинал првостепената пресуда.

Инаку, со првостепената пресуда Јанакиески во случајот „Топлик“, што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство беше осуден на затворска казна од три години и шест месеци. На казна затвор од три години беше осуден уште еден од обвинетите, додека на останатите четворица Кривичен им одреди условни казни од две години.

Предметот „Топлик“ се однесува на продажбата на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште.

Слични содржини