Јанакиески, Протоѓер и Јанкулоска признаа вина за „Титаник“

од Берта Китинска
210 прегледи

Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Мунир Пепиќ и уште четворица други лица кои се обвинетите во случајот на поранешното СЈО „Титаник“ за злосторничко здружување и неколку кривични дела поврзани со изборни злоупотреби признаа вина.

Судењето за овој случај неодамна се врати од почеток, и затоа и по четири години судење, обвинетите повторно добија шанса да се изјаснат за вина.

„Титаник“ беше првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителството (СЈО) отвори истражна постапка.

Овој случај се однесува на изборни нерегуларности кој според тогашното СЈО во 2012 година, осомничените кои имале својства на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на Владата на Р.Македонија, сите членови на извршен комитет на партија, заедно со други, засега непознати лица, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето.

Слични содржини