На денешното судење поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите за организирање на насилните настани на 27 април 2017 во Собранието, бара да сведочи пред полиграф за да ја увери јавноста дека не е виновен на „крвавиот четврток“.
„Александар Василевски има дадено пет различни изјави за овој кривично-правен настан и доколку цените, почитуван суде, спремен сум на полиграф паралелно да сведочиме со Александар Василевски-Нинџа за настаните од 27 април и тогаш судот и целокупната јавност ќе се увери кој ја говори вистината“, кажа Јанакиески.
Поранешниот министер рече дека на тој начин ќе покаже дека е лажно сведочењето на сведокот Александар Василевски -Нинџа со кое го посочува Јанакиески е организатори и дека дава насоки кој луѓе да влезат во Собранието.