Јанакиески за „Топлик“: Не сум влијаел во работењето на комисијата

од Берта Китинска
349 прегледи

Пред судот денеска сведочеше  поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за предметот „Топлик“ .

-Одговорно тврдам дека не сум влијаел во работењето на комисијата, не сум барал да се објави огласот, а уште помалку како што се тврди во обвинението сум барал да се објави иако сум знаел дека има недостаток во објавата. Ниту со членовите на оваа комисија, ниту пак со другите сум имал контакт и секогаш сум ја запазувал хиррархиската поставеност во Министерството, рече пред судот Јанакиески.

Тој во својата одбрана ја бранеше и комисијата за јавно наддавање бидејќи како што вели, таа не можела да проверува дали документите прибрани за спроведување на постапката за наддавање и продажба на земјиштето се „чисти”.

-Комисијата само ценела дали ги има доказите или не, тие документи не биле создадени во Министерството. Комисијата го спроведува јавното наддавање согласно тие докази. Комисијата ниту можела ниту е надлежна да ја проверува точноста на издадените документи од надлежни институции кои по закон се должни да ги издаваат тие документи. Никој друг не може да ги издаде тие документи ,рече Јанакиески.

Во предметот на СЈО „Топлик“ осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.

Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Слични содржини