Поради повреда на првобвинетиот во случајот „Шпански скали” , поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски денешното закажано рочиште се одложи.
Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски доставила оригинален документ од медицински преглед од 13.12.2021 година во „Аџибадем Систина”.
– Со оглед дека станува збор за фрактура на колено и се препорачува строго мирување на обвинетиот, денешното рочиште се одложува, изјави судијката Јанчулева Михаиловска.
Новото судење е закажано за 18 јануари 2022 година.
Во случајот „Шпански скали“, освен Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов и сите се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.
Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.